3 Кавадаречки полумаратон на 22.03.2020

Општина Кавадарци и Меридијан Атлетик Еко го организираат
3. Кавадаречки полумаратон на 22.03.2020 под мотото “Го сакам Кавадарци”.

GARMIN како подржувач на трчањето и спортот ќе додели 600 денари вредносен ваучер во стартните пакети и по 2500 денари вредносен ваучер за најдобрите во машка и женска конкуренција.
Ваучерите може да ги искористите да го изберете Вашиот GARMIN часовник …

Forerunner

GARMIN forerunner часовниците ги мерат сите потребни параметри од вашиот тренинг и за вашиот ден воопшто. Мерат пулс …

Трки

Полумаратон (21.097м)

Трка 10.000 метри

Трка 5.000 метри

Опис на патеката

Се трча во централното градско подрачје на улиците: Илинденска, Тиквешко Востание и Моша Пијаде.
Патеката е кружна, еден круг е во должина од 2.5км.

Содржина на стартниот пакет

Dry-fit маица

Стартен број со чип

Медал за секој учесник што ќе заврши трка

Освежување за време и по трката

Подароци од спонзори

Напомена: Организаторот го задржува правото на измена на содржината на стартниот пакет без претходна најава.

Бранови на уплата и регистрација

Котизацијата за сите трки е иста и изнесува:

до 15.02.2020 до 23.59 часот: 600 ден

16.02.2020 до 08.03.2020 до 23.59 часот: 700 ден

09.03.2020 до 15.03.2020 до 23.59 часот: 800 ден

Напомена: Регистрацијата се затвара на 15.03.2020 23:59:59.

За најдобрите следуваат пехари, а за полумаратонската трка ќе има и пласман по категориии, до 40 години, од 40 до 50 и 50+.
За секоја промена ќе бидете дополнително известени.

Правила за учество

Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).

Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.
Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за превоз.

Сподели