GARMIN за поголема безбедност во outdoor теренски авантури!

Планините и терените се вашиот предизвик, вашето хоби …

Движењето во планина или било кој отворен терен сите не исполнува и привлекува да го истражуваме и освојуваме регионот. Кога се работи за познат и питом терен предизвикот и ризикот од “губење” е помал, но непознатите, зашумени региони и региони со поголема надморска висина посебно во лоши временски услови и кај најискусните авантуристи ја поремеруваат ориентацијата во просторот.

Со GARMIN gps уредите секогаш ја имате Вашата точна локација на мапа и со координати кои се универзални и доколку ги споделите, секој може да ве лоцира.


Ако пред да тргнете сте ја снимиле Вашата рута на вашиот GARMIN можете да ја повикате и да имате информација каде точно се наоѓате на предвидената, планирана патека, уште колку растојание и колку висинска разлика треба да се помине.

Зошто да се лута и губи бесцелно време и енергија кога денеска модерната технологија нуди софистицирани GPS уреди кои во секое време ви ја покажуваат Вашата локација, надморска висина, растојание до избраната целна точка, а помоќните модели дури го мерат Вашиот пулс, амбиентална температура, барометарски притисок, компас, висински профил на вашата рута, прикажува локација на детална мапа SOS копче со сигнал за опасност и уште многу други важни информации со кои можете да носите добри одлуки за Вашето теренско движење.

Тимот на GARMIN Македонија ви стои на располагање со бесплатни совети и обуки за користење на GPS уреди со цел поголема безбедност во теренски / outdoor активности!

Сподели