Chupino Trail 2019

CHUPINO TRAIL 2019 на 01 09 2019 – ПРИЈАВЕТЕ СЕ – линк – https://www.chupinotrail.com.mk/registracija/

За сите учесници на Chupino Trail, GARMIN доделува вредносни ваучери од 600 денари, а за добитниците на подиум позиции вредносни ваучери од 3500, 2500 и 1200 денари.
Со ваучерите добивате намалување на цената на Вашиот избран GARMIN.
GARMIN има премиум часовници со сите потребни функции за тренинг и натпревар во TrailRunning.

Погледнете ги GARMIN часовниците, искористете го voucher подарокот и изберете го Вашиот.

Chupino Trail е креација на The Running Squad – екипа рекреативци со различна спортска историја. Ниту еден од The Running Squad не се занимавал професионално со спорт, но спортот е дел од нивниот живот околу 25 години. Со постепениот раст на рекреативното трчање и организираните маратон-трки во Македонија, прашање беше само на време кога Плачковица ќе биде искористена за тоа.

Плачковица не спие, секој викенд нејзе и прават друштво планинари, велосипедисти и во последниве 2-3 години маратонци. Патеките кои минуваат низ густа шума,покрај чешми и потоци, даваат прекрасно чувство на релаксација и мир.

Ние како рекреативци, одлучивме нашите тренинзи на Плачковица да ги споделиме со сите оние кои уживаат во планинското трчање, велосипедизам и пешачење.

Сакаме Chupino Trail да стане редовен рекреативен настан на календарот; учесниците да ја запознаат Плачковица и да ја користат за нивни тренинзи; да се рушат Лични Рекорди; да биде “Главен тренинг“ за некои од маратони/трејл трки кои следат после Chupino Trail; и така натаму.

Настанот има голема подршка од Општина Виница и голем број на компании кои учествуваат со спонзорство и доброволно помагање во одржувањето на настанот. Ова е спортско случување кое јасно ќе ја обележи Виница на спортската мапа на Балканот.

Сподели