Сашо Даневски, тренер: Трчањето е наука!

Сашо Даневски, тренер, професионалец и натпреварувач сподели кратка сторија, со која докажува дека трчањето е наука, односно до добри резултати се доаѓа само со правилен тренинг план, истрајност и упорност, мерење на резултатите и дисциплина во исхраната.
Ова е сторијата на Сашо од Полумаратонот во Апатин, Србија – 23.11.2011 година!

Атлетиката е најпрецизниот и најобјективниот спорт, нема лош ден, “немав среќа”, „за малку не погодив“, судии погрешно да досудат, напротив се можеш да предвидиш уште пред да стартуваш!
Пред настапот во Апатин учествував со уште неколку македонски атлетичари во проект за дефинирање на анаеробен праг. Тестирањето покажа дека сум далеку од добра форма, анаеробен праг на 174 пулс, односно 3мин47сек ритам по километар. Па така на полумаратонот во Апатин, на GARMIN-от поставувам „race partner“ и правам стратегија според моите моментални психо-физички капацитети!
Успевам да ја истрчам целата трка на анаеробен праг со резултат 1час 19мин и 38сек! Не можев ни подобро, ни полошо, можев точно толку!!!

Со Сашо можете да тренирате  во Fitness Challenge. Kонтакт 075 308 108

Сашо и успешните професионални атлетичари, а и огромен број рекреативци во трчање користат GARMIN forerunner часовници за тренинг, натпревар и анализа на податоците. Вие само трчајте, forerunner мери се што треба да се знае и анализира!

Forerunner

Спортски smart часовници со GPS и апликации за професионални и рекреативни спортски активности.…

Сподели